четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Претседателот на Француската ракометна федерација обвинет за педофилија

Претседателот на Француската ракометна федерација обвинет за педофилија

Претседателот на Ракометната федерација на Франција (ФФХБ) и поранешен репрезентативец Бруно Мартини е соочен со обвинение за сексуално злоставување малолетници и снимање детска порнографија.

Мартини, кој во текот на својата кариера како играч освои две титули светски првак како голман на Франција, беше испрашуван од полицијата во понеделникот и вторникот, по што му е дозволено да замине дома, бидејќи неговиот случај ќе се решава по итната постапка откако ги признал обвиненијата за кои се товари.

Истрагата против Мартини почна уште во 2020 година кога тогаш 13-годишно момче го обвини за сексуално искористување, а првиот човек на францускиот ракомет се брани со тврдење дека верувал за момчето дека е постаро од 15 години, што во Франција е гранична возраст на која лицата можат да дадат согласност да имаат сексуални односи.

Од ФФХБ објавија дека оставката на Мартини е „веројатна и посакувана“.

„Додека не биде соопштено поинаку Федерацијата ќе ја претставува потпретседателот Давид Тебиб“, објави ФФХБ.