петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Макрон не исклучува можност за испраќање борбени авиони за Украина

Макрон не исклучува можност за испраќање борбени авиони за Украина

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека „нема да ја исклучи“ можноста за испраќање борбени авиони во Украина, но предупреди на ризик од ескалација во конфликтот.

„Во принцип, ништо не е исклучено“, рече Макрон по разговорите со холандскиот премиер, Марк Руте, на прашањето дали постои можност за испраќање борбени авиони за Киев како поддршка на борбата против руската инвазија.