четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер загуби од Војводина во СЕХА лигата

Еурофарм Пелистер загуби од Војводина во СЕХА лигата

И вториот македонски претставник во СЕХА лигата тргана со пораз во новата сезона, Еурофарм Пелистер загуби со 29-24 на гостувањето кај Војводина во Нови Сад.

Во првиот дел беше израмнето, така и се отиде на одморот, 14-14, но битолскиот тим падна во вториот дел и на крајот загуби убедливо со пет голови разлика 29-24.

Само Ненад Костески покажа офанзивна зрелост со седум погодоци, а фантастичен беше и Кизиќ со седум одбрани само во вториот дел.

Следниот меч за Пелистер е на 2 февруари, на гости кај Нексе.