сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Валтер: Не бевме ни блиску до победа, но верувам дека ќе бидеме подобри

Валтер: Не бевме ни блиску до победа, но верувам дека ќе бидеме подобри

Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај составот на Војводина со 29-24 во првото коло од новата сезона во регионалната СЕХА лига.

Незадоволството од натпреварот го искажа и тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер кој проблемот го најде во агресивната одбрана на противникот, а додаде и дека недоволното време за подготовки со полн состав не може да биде изговор за ваков натпревар.