среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Валенсија го отпушти Гатузо

Валенсија го отпушти Гатузо

Италијанецот Џенаро Гатузо повеќе не е тренер на Валенсија, потврдија од клубот од Местаља.

По 18 кола „Лилјаците“ се на 14. место со 20 бодови и имаат само бод повеќе од Кадиз кој е во зоната за испаѓање

„Валенсија соопштува дека клубот и тренерот на првиот тим Џенаро Гатузо меѓусебно го раскинале договорниот однос кој го поврза италијанскиот тренер со тимот. Клубот сака да му се заблагодари на тренерот за неговиот ангажман и работа во изминатите месеци и му посакува сета среќа во иднина“, се вели во соопштението, во кое се истакнува дека Форо Гонзалес ќе работи со тимот во вторник.

45-годишниот Италијанец дојде во Валенсија на почетокот на јуни, а претходно работеше во Наполи, Милано, Пиза, ОФИ од Крит, Палермо и Сион.