понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Отворањето на женскиот фудбалски Мундијал префрлено на поголем стадион

Отворањето на женскиот фудбалски Мундијал префрлено на поголем стадион

Поради голем интерес за влезници, воведниот натпревар од Светското фудбалско првенство во женска конкуренција во Австралија и Нов Зеланд е префрлено на двојно поголем стадион, објави денеска ФИФА.

Од 20 јули до 20 август Австралија и Нов Зеланд заедно ќе го организираат деветтото издание на СП за жени кое се очекува да ги урне сите рекорди според посетеност.

Воведниот натпревар меѓу домаќинот Австралија и Република Ирска требаше да се игра во Сиднеј на новиот стадион „Алијанц“ со капацитет од 42.500 гледачи, меѓутоа е префрлен на „Стадион Австралија“. Поранешниот Олимписки стадион во Сиднеј има капацитет од над 82.000 седишта. На истиот стадион ќе се игра и финалето.

„Мисијата на ФИФА е да организира најголемо и најдобро СП за жени во историјата, а навивачите, оние кои носат боја, страст и атмосфера на стадионите, ќе бидат составен дел од успехот на турнирот“, изјави генералниот секретар на ФИФА, Фатма Самоура.

На СП ќе настапат 32 репрезентации, а титулата ја брани САД предводен од македонскиот стратег Влатко Андоновски.