среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер јунајтед по шест години избори финале во Лига купот

Манчестер јунајтед по шест години избори финале во Лига купот

Манчестер јунајтед се пласираше во финалето на англискиот Лига куп за прв пат по шест сезони.

Синоќа Јунајтед и во реваншот го победи (2:0) Нотингем форест и со вкупни 5:0 оди во финалето.

Избраниците на Ерик тен Хег ќе се сретнат со Њукасл во решавачкиот меч. Мечот е закажан за 26 февруари.

Последен пат Манчестер јунајтед се пласираше во финалето на Лига купот во сезоната 2016/17, прва под водство на Жозе Мурињо. Тогаш „црвените ѓаволи“ го освоија трофејот победувајќи го Саутемптон (3:2).