недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени крадци од Велес, одземеното вратено на сопствениците

Приведени крадци од Велес, одземеното вратено на сопствениците

На 01.02.2023, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.И.(23) и И.Б.(69) од Велес.

Тие се сомничат дека од двор и тераса на две куќи на ул.„Јовче Тикварски“ во Велес одзеле повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.