вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајна драма на „Табановце“: Со товарно возило сакал да го истурка од коловозна лента

Сообраќајна драма на „Табановце“: Со товарно возило сакал да го истурка од коловозна лента

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(38) од Куманово.

Тој на 22.10.2022 околу 17:00 часот, движејќи се со товарно возило „волво“ по автопатот од граничен премин „Табановце“ кон Куманово, при обид да престигне друго товарно возило, со приколката удрил во патничко возило „ауди“.

Откако возачот на патничкото возило му дал знак да сопре, пријавениот продолжил со возење и се обидел да го истурка од коловозната лента.