недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Чудесна тројна одбрана на „Олимпико“: Сите ја видоа топката во голот, освен неверојатниот Викарио (Видео)

Чудесна тројна одбрана на „Олимпико“: Сите ја видоа топката во голот, освен неверојатниот Викарио (Видео)

Рома набрзина ја заврши својата работа против Емполи и постигна два гола за предност од 2:0 до 6-та минута, резултат кој на крајот се покажа како конечен на „Олимпико“.

Сепак, тоа не значеше дека немаше возбудувања во продолжението од средбата, која покрај двата гола на почетокот од страна на Ибањез и Ејбрахам, ќе се памети и по една неверојатна тројна одбрана на Гулјелмо Викарио.

Голманот на гостите е главен виновник што Емполи не си замина со повеќе голови во својата мрежа, но една негова тројна интервенција на стартот на вториот дел посебно го привлече вниманието.

Викаријо најпрво го неутрализираше ударот на Пауло Дибала кој биеше силно откосо, потоа бравурозно го одбрани вториот обид на Манчини, но најдоброто го сочува за крај.

Одбиената топка стигна до Ејбрахам, но кога цел „Олимпико“ ја виде топката во голот, Викаријо некако успеа да се снајде и одбрани со долниот дел од копачката.