Зинедин Зидан би требало да се врати на работа следната сезона, а според дел од шпанските медиуми неговото враќање ќе се случи на клупата на Пари Сен Жермен.
Се вели дека во Париз не се импресионирани од работата што ја врши сегашниот тренер Кристоф Галтие, а Зидан долго време е тренерско име кое често се споменува во контекст на преземање на тимот со ѕвезди. Сепак, неговото доаѓање може да значи и заминување на еден од нив, Нејмар.
Бразилскиот напаѓач претходно во медиумите беше исфрлен од ПСЖ, но не само што остана во клубот, туку импресионираше во првиот дел од сезоната со 17 гола и 15 асистенции на 25 одиграни натпревари.
Се зборува дека во последно време паднал во форма и дека Зидан доколку го преземе тимот ќе се обиде да се ослободи од него.
Клубот потоа треба да го надомести заминувањето на Нејмар со доаѓањето на Усман Дембеле. Асот на Барселона има договор само до летото 2024 година.