среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Човек заглавен виси од зграда и вика помош: Морничави снимки од Турција по земјотресите

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Човек заглавен виси од зграда и вика помош: Морничави снимки од Турција по земјотресите

Турција денеска беше погодена од неколку силни земјотреси. Потресите предизвика големи разурнувања и во соседна Сирија, каде што најмногу настрада градот Ал Баб. Тресењето на земјата е почувствувано и во други делови на Турција, Грузија, Ерменија, Кипар.

Во Турција и Сирија од синоќа траат избезумените напори на спасувачите и локалното население да извлечат и пронајдат преживеани во урнатините по разорниот земјотрес. До понеделник напладне, бројот на загинати се искачи на повеќе од 1.900.

Во текот на целиот ден пристигнуваат видеа од ужасни сцени, но и потраги кои завршиле успешно.