среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Апокалиптични снимки – Десно спасуваат луѓе од под рушевини, лево паѓаат згради

ВИДЕО: Апокалиптични снимки – Десно спасуваат луѓе од под рушевини, лево паѓаат згради

Во Турција и Сирија траат спасувачки операции за што повеќе извлечени преживеани по разорниот земјотрес. Студеното време ја отежнува работата.

Интернетот е преплавен од фотографии и видео снимки кои се повеќе сведочат за големата трагедија. На нова видео снимка се гледа како се одвива спасувачка акција и се трага по преживеани под урнатините, додека во истиот момент само на неколку метри полево се руши зграда.

Луѓето панично бегаат во извици на немоќ, страв, болка…