Двајца познати турски актери преку социјалните мрежи молат да бидат спасени нивните блиски под урнатините во земјотресот во Турција.
Станува збор за актерот Чагри Читанак и актерката Мелиса Асли Памук кои објавија дека нивните членови од семејството се наоѓаат под урнатините по страшниот земјотрес кој вчера ги погоди Труција и северна Сирија.
Двајцата повикаа на помош преку социјалните мрежи откако не добиле информации за нивните семејства.
МАЈКА МИ БЕШЕ ТАМУ
По земјотресот на својот Твитер профил актерот сподели ваква порака повикувајќи екипите да ја побараат и спасат неговата мајка наведувајќи дека таа е под урнатините во уништената зграда во округот на Сумерлер во Антакија.
Hatay/Antakya/Sümerler mahallesi harbiye cad. yıkılan bina A/3 blok doğup büyüdüğüm apartmandır.
Annem oradaydı!
Bu bina en yüksek ve haliyle en çok oturanı olan binasıdır.
Lütfen daha fazla insanın kurtulması için ulaşın ve yardım edin. @AFADHatay @Ahbap_Hatay
— çağrı çıtanak (@ctnkcgri) February 6, 2023
Тој апелира да се најде неговата мајка што поскоро.
Вели дека тоа било станот во кој бил роден и пораснал.
Турскиот актер кој се прослави во серијата „ти ми тропаш на врата“ во твитот додаде дека тоа била највисоката и најнаселената зграда во таа област и ги замолува надлежните што побрзо да се реагира и да се спасат што повеќе луѓе.
БАБАТА И ТЕТКАТА НА АКТЕРКАТА СЕ ПОД УРНАТИНИТЕ
Турската актерка Мелиса Асли Памук која се прослави преку серијата „Слепа љубов“ преку социјалните мрежи напиша дека под урнатините се заглавени нејзината баба и тетка, која подоцна откри дека биле спасени.
Anneannem yürüyemiyor, hasta..Teyzem ile birlikte binada mahsur kaldılar. Apartman ne durumda bilmiyoruz, bölgede yardımcı olabilecekler var mı?
75.yıl Bulvarı no.10 Cem apt 4’ü kat Antakya.#deprem
— Melisa Asli Pamuk (@RealMelisaPamuk) February 6, 2023
Таа на Твитер напиша: Баба ми не може да оди, болна е… а, таа и тетка ми се заробени во зградата каде што живеат. Не знаеме каква е нивната состојба.
Сепак, подоцна таа напиша дека двете се спасени.