сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Денеска сончево и студено, многу ниски температури до крајот на неделата

Денеска сончево и студено, многу ниски температури до крајот на неделата

Сончево и студено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од -4 до -14, а дневните ќе бидат во интервал од 7 до -6 степени.

Во Скопје сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе биде три степени.

Времето утре наутро ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

До викендот времето ќе биде стабилно и многу студено. За време на викендот ќе настапи зголемување на облачноста и во недела претежно во северните делови ќе има услови за појава на слаб снег.

Најнови вести