петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дани Алвеш за првпат признал дека имал односи со жртвата: Сакал да го скрие неверството од сопругата

Дани Алвеш за првпат признал дека имал односи со жртвата: Сакал да го скрие неверството од сопругата

Алвеш наводно за првпат признал дека имал сексуални односи со жртвата, а тоа претходно не го направил бидејќи сакал да го скрие неверството од сопругата Жоана Санз, која неодамна го посетила во затвор.

Најтрофејниот фудбалер во историјата, Дани Алвеш, и натаму е во затвор откако судот минатата недела повторно одби да му дозволи да се брани од слобода, а деталите од скандалот и натаму излегуваат во јавноста.

Според последните информации, Бразилецот во првиот исказ кажал дека не ја познава младата жена, а потоа признал дека биле во друштво, потоа дека имало само допирање, за на крајот целосно да го промени исказот, пишува „Marca“.

Алвеш наводно за првпат признал дека имал сексуални односи со жртвата, а тоа порано не го направил затоа што сакал да го скрие неверството од сопругата Жоана Санз, која неодамна го посетила во затвор.

„Нема да го оставам во најтешките моменти од животот“, рекла манекенката.

Потсетуваме, поранешниот фудбалер на Барселона и Севиља е уапсен на 20-ти јануари и затворен без можност за кауција, откако беше обвинет дека силувал 23-годишна девојка во ноќен клуб во Барселона.