Интернационалната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека Аргентинецот Лионел Скалони, Италијанецот Карло Анчелоти и Шпанецот Пеп Гвардиола влегоа во потесниот круг на кандидати за најдобар тренер во 2022 година.
ФИФА потсети дека покрај Скалони, Анчелоти и Гвардиола, кандидати за тренер на годината беа Французинот Дидие Дешамп и Мароканецот Валид Реграги.
Скалони ја освои титулата на Светското првенство во Катар на крајот на минатата година со селекцијата на Аргентина. Анчелоти со Реал ги освои шампионатот на Шпанија и Лигата на шампионите, додека Гвардиола со Манчестер Сити триумфираше во Премиер лигата.
ФИФА на 27 февруати ќе ги објави наградите за најдобри тренери во двете конкуренции за 2022 година.