вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Винициус Жуниор е МВП на Светското клупско првенство

Винициус Жуниор е МВП на Светското клупско првенство

Бразилецот Винициус Жуниор е најкорисен играч на Светското клупско првенство, кое вчера заврши во Мароко.

Фудбалерот постигна два гола во победата од 5-3 во финалниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Ал-Хилал, по што „кралевите“ стигнаа до петтата светска титула, покажувајќи дека знаат да играат финалиња.

„Сребрената топка“ за вториот најдобар играч му припадна на Федерико Валверде, исто така од Реал Мадрид, а Лусијано Вието од Ал-Хилал е освојувач на „Бронзената топка“.

Реал Мадрид е и носител на фер-плеј признанието, бидејќи во два натпревари доби само еден жолт картон.