сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец, ги признал делата, пронајдените одземени предмети вратени на сопствениците

Приведен крадец, ги признал делата, пронајдените одземени предмети вратени на сопствениците

На 13.02.2023 во 14.40 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.А.(39) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 22.01.2023 извршил кражба од зграда на подрачјето на Бит пазар, а на 28 и 29.01.2023 извршил тешки кражби во продажен објект и куќа на подрачјето на Чаир, при што одзел повеќе предмети.

Во службен разговор во полициска станица, тој ги признал делата. Поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.