вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кизиќ го спаси Еурофарм Пелистер од пораз од Агуаш Санташ!

Кизиќ го спаси Еурофарм Пелистер од пораз од Агуаш Санташ!

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го пречека португалски Агуап Сантош во Битола и повторно не успеа да победи. Во четвртиот европски меч пред својата публика „зелените“ одиграа реми (27-27) и така ја задржа својата позиција на табелата и не ја искомпликува ситуацијата во групата од Европската лига. Јунак на натпреварот беше Марко Кизиќ, кој го одбрани последниот напад на гостинот.

Марко Кизиќ го заврши натпреварот со осум одбрани за Еурофарм Пелистер, а најдобар стрелец беше Мирко Радовиќ со пет гола. Се истакнаа и Жарко Пешевски со четири, како и Гоце Ојлески и Ненад Костески со по три гола. Кај Португалците, Да Силва Оливера имаше седум гола, пред Каладо Баптиста со пет реализации.

Еурофарм Пелистер по ова реми останува на четвртото место на табелата со шест бода, пред Агуаш со четири. Во следната рунда битолчани гостуваат кај Фуксе Берлин, а во последното коло Мотор Запорожје гостува во Битола.