недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради сообраќајката во која се повредни 20 лица, сообраќајот кај Мамутчево се одвива наизменично

Поради сообраќајката во која се повредни 20 лица, сообраќајот кај Мамутчево се одвива наизменично

Сообраќајот на патот Велес- Штип попладнево се одвива наизменично поради сообраќајната несреќа кај село Мамутчево, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајката се случи денеска попладне околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево. Се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес. Повредени се 20 работници.

Сите биле прегледани во Општа болница Велес. Кај осуммина биле утврдени полесни телесни повреди и тие  се хоспитализирани во болницата. Останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување.

Најнови вести