четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се ситни коалицијата на Ковачевски и Ахмети, партии кои цел мандат ги поддржуваат сега си заминуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Се ситни коалицијата на Ковачевски и Ахмети, партии кои цел мандат ги поддржуваат сега си заминуваат

(Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

Се ситни коалицијата на Ковачевски и Ахмети, партии кои цел мандат ги поддржуваат сега си заминуваат.

Ковачевски и Ахмети знаат дека тонат, затоа се обидуваат и по секоја цена да го продолжат мандатот за некој месец повеќе, и Ковачевски и Ахмети знаат дека народот нема да ги гласа нити сега, ниту за 10 месеци од сега.

Дека Ковачевски тоне, јасен показател е зажинувањето на Демократски сојуз од владата, кои 6 години го поддржуваа СДС, но и заминувањето на Алтернатива, кои овозможија Ковачевски воопшто да може да стане премиер.

Ковачевски нема политика, и затоа никој не сака да биде во коалиција со него, тој го темели своето делување на криминал и тендери, и затоа и се согласува со ДУИ и Ахмети.

Ковачевски е минато, неговото време на политичката сцена е одбројано, може само да продолжи некој месец, но потоа знае дека народот ќе го помножи со нула.