четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Модриќ: Ливерпул ќе бара одмазда, но ние сме подготвени да одговориме

Модриќ: Ливерпул ќе бара одмазда, но ние сме подготвени да одговориме

Во вторник и среда имаме нова рунда осминафинални натпревари во Лигата на шампионите, а еден од нив е оној меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Ова се две големи екипи, великани на европскиот и светскиот фудбал, две екипи кои играа во финалето на мината сезона во истото ова натпреварување што говори дека двата тима добро се познаваат иако има одредени проблеми во тимовите.

-Изненаден сум од тоа колку е далеку Ливерпул од првото место секако и тие можат да го кажат истото за нас, па нема да кажам ништо повеќе. Гледајќи го тимот на Ливерпул, убеден сум дека може да се подигне и да се врати во секое време. Се надевам дека нема да се врати во натпреварите против нас.Ливерпул-Реал е една од најдобрите натпревари што фудбалскиот свет може да ги понуди и штета е што мораме да играме толку рано во натпреварувањето. Ова би било одлично финале во Лигата на шампионите. Мислам дека сме фаворити и мило ми е што реваншот го играме пред нашите навивачи. Ливерпул ќе бара спортска одмазда за поразите во претходните години, но ние сме подготвени и веруваме дека ќе продолжуваме понатаму, -порача искусниот Лука Модриќ.

Средбата на „Енфилд Роуд“ е закажана за вторник од 21 часот.