Северна Кореја почна да ја демонтира локацијата од која лансираше ракети, а која се наоѓа во северозападниот дел на земјата, јави Би-Би-Си.
На сателитските снимки од Сохае станицата, се гледа дека Северна Кореја најверојатно почнала со демонтажата, како што и вети во јуни, по средбата на американскиот и севернокорејскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг-ун.
На средбата во Сингапур, Трамп и Ким се договорија Северна Кореја да почне со денуклеаризација, но според неодамнешните извештаи на американските разузнавачки служби, можно е Пјонгјанг тајно да продолжува со својата програма на вооружување.
Според тие извештаи, Северна Кореја ја надградува локацијата за нуклеарно вооружување во Јонгбјон и го забрзува збогатувањето на други тајни локации.
МИА