четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Српскиот репрезентативец Стевановиќ нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Српскиот репрезентативец Стевановиќ нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за продолжението на сезоната во домашното првенство и настапите на меѓународната сцена ангажирајќи го денеска репрезентативецот на Србија, Дарко Стевановиќ.

Како што соопшти попладнево битолскиот клуб, со 26-годишниот српски лев бек е потпишан договор со важност до јуни идната година.

Стевановиќ, кој доаѓа од редовите на белорускиот првак Мешков Брест, тренира индивидуално во Битола, а ќе им се приклучи на соиграчите по нивното враќање од Берлин каде утре Еурофарм Пелистер му гостува на Фуксе во натпревар од 9. Коло во групата Д во ЕХФ Лига Европа.

Официјалната промоција на Стевановиќ е закажана на крајот од оваа недела, а ќе дебитира следниот викенд на проволигашкиот натпревар против Еурофарм Пелистер 2.

Стевановиќ има пет настапи за репрезентацијата на Србија, а претходно во кариерата настапуваше за белградски Партизан, унгарските екипи Егер и Балатонфуреди, како и за Ал – Араби и Ал – Веда во Катар.