сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО:Грција гори, бројот на загинати расте од минута во минута

ВИДЕО:Грција гори, бројот на загинати расте од минута во минута

Шумски пожари покрај Атина. Спасувачите од минута во минута пронаоѓаат нови жртви на улиците, во автомобилите, во куќите. Досега 54 луѓе загинаа, околу 150 се повредени.

Според најновите информации кои се појавуваат, билансот на настрадани во пожарите во Грција се искачи на 54, кога пожарникарите нашле нова група загинати. Само во двој на една вила во Мати, кај Атина, најдени се 26 тела. Меѓу повредените има многу деца, пренесуваат светските медиуми.

Многу жртви се пронајдени во областа меѓу Рафин и Неа Макрија, особено во селото Мати, на 29 километри источно од Атина.

Медиумите јавуваат дека десетина луѓе, најверојатно туристи од Данска, се изчезнати откако почнал пожарот, влегле во чамец и се упатиле во непознат правец. За нив трагаат спасувачи од брод, но и од хеликоптер.

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас поради вонредната ситуација во Атина итно ја прекина посетата на Босна и Херцеговина.

Првиот пожар изби вчера претпладне во борова шума над летувалиштето Кинета, 55 километри западно од Атина продолжил да гори и да се шири од повеќе километри спуштајќи кон морето, на аголот на автопатот кон Коринтскиот канал и Пелопонез.

Три населби се евакуаирани, а поради пожарот, затворен е дел од скоро 20 километри автопат кој ги врзува Пелопонез со централна Грција.

Третиот пожар изби на источната страна на Атина, кај местото Каламос. Погодената област е зафатен со густ чад, а отежнат е сообраќајот и доводот на струја.

Грчките власти прогласија вонредна состојба во погодените области и бараат помош од Европската унија во борбата против пожарите.