недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси веќе ја решил дилемата дали да остане или да си оди од ПСЖ

Меси веќе ја решил дилемата дали да остане или да си оди од ПСЖ

Лионел Меси на крајот од сезоната ќе му заврши договорот со ПСЖ, поради што управата на овој клуб прави сѐ за да го „примора“ Аргентинецот на негово продолжување, но преговорите не одат во правецот кој таа го посакуваа.

Според „Л’Екип“, ѕвездата на „светците“ веќе решил да си замине од „Паркот на принцовите“, со оглед што не се чувствувал среќен во Париз и бил разочаран од резултатите и фактот што никако не може да се направи успех во Лигата на шампионите (ЛШ). ПСЖ е на добар пат и годинава да испадне од ова натпреварување на стартот од нокаут-фазата, со оглед на поразот на домашен терен во првиот осминафинален меч со Баерн Минхен (0-1).

Францускиот весник потенцира дека Меси заминувањето од „Градот на светлината“ ќе ја официјализира многу набрзо, особено ако тимот е елиминиран од Баварците по реванш-дуелот во Минхен.