четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меџити: Груби го опкружува Ахмети со нашите довчерашни противници

Меџити: Груби го опкружува Ахмети со нашите довчерашни противници

Потпретседателот и еден од челниците на незадоволната група во ДУИ, Изет Меџити е загрижен од доближувањето на ДУИ до довчерашните противници.

Меџити им порача на жителите на Сарај дека овој собир е гласот на народот, гласот на вистината и токму тука сакаат да ја донесат ДУИ.

Меџити со апел до Артан Груби, да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ги ослабне, дарувајќи ги нивните позиции на Алијанса, бидејќи тие се моќни и без функции, веќе 20 години колку што допринесуваат во ДУИ.

Од собирот во Сарај, Меџити му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека е вознемирен поради оддалечувањето на министерот за екологија Насер Нуредини во последните владини измени.

-Не можеме да бидеме спокојни, да ни биде угодно кога претседателот на ДУИ, Али Ахмети е опкружен со Мендух Тачи, Арбен Таравари и Зијадин Села, рече Меџити во Сарај.

Најнови вести