сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ преку фирма за канцелариски материјал, ќе набавуваат средства за одмастување на котлите во РЕК Битола

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ преку фирма за канцелариски материјал, ќе набавуваат средства за одмастување на котлите во РЕК Битола

ДУИ и СДС преку ЕСМ, поддружница РЕК Битола, набавува адитиви, кои треба да го намалат замастувањето, во котлите од фирма регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски прибор, преку тендер вреден 4.2 милиони евра. Истата фирма лани имала вкупен обрт, помал од 350.000 евра, а само за една година успева да добие државен тендер, кој за 12 пати го надминува нејзиниот лански приход, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Фирмата е регистрирана во 2017 година и нема никаква допирна точка, со енергетика и со адитиви за одмастување, a исто така сомнително е и тоа дека на огласот, била пријавена само оваа фирма, иако постојат многу фирми кај нас и во регионот, кои со години се на пазарот.

Таман граѓаните помислија дека дното е постигнато, со фирмата за долна облека, која стана надзор, за новите автопатишта, еве ДУИ и СДС имаат уште поинвентивен начин, како да наместат тендер и да се збогатат за уште некое милионче.

Овие криминали нема да се заборават, веднаш по превземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има истраги и одговорност за сите, додават од партијата.

Најнови вести