недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал го продолжи договорот со Елнени

Арсенал го продолжи договорот со Елнени

Фудбалерот со најдолг стаж во составот на Арсенал, египетскиот репрезентативец Мохамед Елнени, го продолжи договорот со лондонскиот клуб до јуни иднина година, пренесува Би-Би-Си.

Елнени на крајот од јануари го повреди коленото и беше опериран, поради што тој ќе паузира до крајот на сезоната.

„Среќен сум поради продолжување на договорот, бидејќи го сакам овој клуб и нашите навивачи. Ќе дадам сè од себе да бидеме најдобри во Премиер лигата“, изјави Елнени за официјалниот сајт на Арсенал.

Египетскиот фудбалер дојде во клубот од северен Лондон од редовите на Базел и досега за Арсенал одигра 155 натпревари, постигнувајќи шест голови.  (МИА)