петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Опра Винфри најавува кандидатура за претседател на САД?

Опра Винфри најавува кандидатура за претседател на САД?

По инспиративниот и моќен говор за борбата за женските права и слободата на медиумите на доделувањето на Златните глобуси, ширум Америка започнаа да кружат гласини дека легендарната ТВ водителка сака да се кандидира за претседател на САД во 2020 година.

Нејзини блиски пријатели им потврдиле на американските медиуми дека Опра “активно размислува” за кандидатура на претседателските избори.

Најплатената американска јавна личност отсекогаш сметала дека нема доволно искуство за водење на држава, но Трамп влијаел на неа и направил таа “малку подобро да размисли за својот скептицизам”.

Затоа веќе неколку месеци се шпекулира дека Опра го припрема теренот за кандидатура, а нејзиниот говор на доделувањето на Златните глобуси ги зајакна овие шпекулации.

Многу славни личности и активисти за борба на човековите права ја повикале Опра да се кандидира на изборите, а поддршка добила и од голем број на корисници на социјалните мрежи.

За потсетување, Опра ја доби почесната награда “Сесил Би Демајл”. Со оглед на тоа што е прва црна жена која ја освоила оваа награда, водителката нагласила дека вистината е најмоќниот алат со кој луѓето треба да се служат.

“Премногу долго жените не беа спремни да ја говорат вистината поради моќта која поединечни луѓе ја поседуваат, меѓутоа нивното време истече. Сакам сите девојчиња кои го гледаат ова да знаат дека доаѓа нов ден. И кога тој ден конечно ќе дојде, тоа ќе биде поради мноштво величенствени жени од кои голем дел се токму во оваа просторија вечерва, и некои феноменални мажи кои силно со борат да станат лидери кои ќе нè однесат во време во кое никој повеќе нема да мора да каже “и јас исто така”, се зборовите со кои Опра ја крена холивудската публика на нозе.

Најнови вести