четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува негативниот тренд на опаѓање на водостојот на Охридското Езеро

Продолжува негативниот тренд на опаѓање на водостојот на Охридското Езеро

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,17 метри надморска височина, што e за 24 сантиметри пониско од просекот за февруари или седум сантиметри над дозволениот минимум зацртан на котата 693,10 метри надморска височина.

Долготрајниот сушен период без врнежи дополнително ја усложнува ситуацијата со намалувањето на издашноста на изворите и на дотокот вода од притоките од езерскиот слив.

Температурта на водата е 6 степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 6,5 степени.

Најнови вести