среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во изнајмен објект во Прилеп затекнати 9 лица- тројца играле комар, а еве што било пронајдено

Во изнајмен објект во Прилеп затекнати 9 лица- тројца играле комар, а еве што било пронајдено

На 22/23.02.2023 во периодот од 23.40 до 01.00 часот, врз основа судска наредба, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претрес во објект на ул.„Борка Левата“, сопственост на Б.С.(36) од Прилеп, а кој под наем го користел И.Л.(39) од Прилеп.

При претресот, во објектот биле затекнати девет лица, од кои три играле комар и кај нив биле пронајдени и одземени пари, карти и други предмети. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.