вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Британската влада стави „блокада“ за англиските клубови за влез во Суперлигата

Британската влада стави „блокада“ за англиските клубови за влез во Суперлигата

И покрај тоа што Суперлигата пред неколку дена повторно беше актуализирана, сепак, студен туш доаѓа од Англија, од каде стигнаа неповолни информации за ова натпреварување.

Ниту еден англиски клуб денеска, утре ниту некогаш нема да може да настапува во друго натпреварувње какво што е евентуалната Суперлига, со оглед дека тоа законски беше регулирано и од британската влада.

Блокадата за сите клубови да учествуваат во други натпреварувања освен оние под капата на Фудбалската асоцијација (ФА), е само една од ставките која стои во новиот закон. Една од целите е спречување на гасење на историски важни клубови за Англија, односно заштита на културното наследство на англискиот фудбал.

Освен што нема да им се дозволи на англиските клубови да се приклучуваат на „затворени“ натпреварувања, новоформирано регулаторно тело ќе биде задолжено и за пропусти на бројни клубови, односно банкроти.

Шест клуба од Англија Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунјатед и Тотенхем беа меѓу 12-те клуба кои во април 2021 година ја форираа Суперлигата. После два дена англичаните го напуштија натпреварувањето по притисокот од јавноста и навивачите.