сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ансу Фати повторно е повреден

Ансу Фати повторно е повреден

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, повторно е повреден. Каталонскиот клуб соопшти дека Фати го повредил левото колено на последниот тренинг, а се уште не е познато колку време ќе мора да паузира.

Барса в недела ќе гостува во Алмерија, а в четврток во Мадрид го игра првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот против Реал Мадрид.

Ова е голем проблем за тренерот Чави, кој ги нема на располагање и Осман Дембеле и Педри, а тимот има пеколен распоред во Ла Лига и Копа дел Реј.