недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе го отпиша Меси за „Златната топка“

Мбапе го отпиша Меси за „Златната топка“

Една од ѕвездите на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, Килијан Мбапе го отпиша Лео Меси во битката за „Златната топка“.

Светскиот шампион со „петлите“ од Мундијалот 2018 именуваше своја листа на фудбалери, но меѓу нив недостасува Меси.

Пред „Франс Фудбал“, младиот француски репрезентативец ги објави имињата на петмина фудбалери кои според него се достојни да се борат за наградата.

На листата на Мбапе се стави себе си, како и Нејмар, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Рафаел Варан.

Деветнаесет годишниот Мбапе стана светски шампион со Франција на Мундијалот во Русија. Во осминафиналето „петлите“ ја победија Аргентина со 4:3.

Французинот постигна два од погодоците за успехот. На крајот, Мбапе беше прогласен за најдобар млад играч на СП 2018.

МИА