недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД ја предупредија Кина дека ќе сноси сериозни последици доколку испорача оружје за Русија

САД ја предупредија Кина дека ќе сноси сериозни последици доколку испорача оружје за Русија

САД ја предупреди Кина дека ќе сноси сериозни последици доколку обезбеди оружје за руската инвазија врз Украина.

Вашингтон и сојузниците во НАТО се обидуваат да ја одвратат Кина од воена помош за Москва, бидејќи се сомневаат дека Пекинг размислува да обезбеди оружје, вклучително и беспилотни летала.

-Пекинг ќе мора да донесе одлуки за тоа како да продолжи, дали ќе обезбеди воена помош, но ако оди по тој пат, ќе ја плати цената, изјави за Си-Ен-Ен советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Тој кажа дека Кина „од масата“ се уште не ја тргнала опцијата за испраќање оружје.

Приказните за наводната вмешаност на Кина доаѓаат по првата годишнина од војната во Украина и пред подготовките на официјален Киев за контраофанзива со новото западно оружје, што се очекува да пристигне, пишува Гласот на Америка.

Пекинг одбива да го осуди нападот на Москва врз Украина, а последен пат тоа беше и во саботата, на состанокот на Г-20 во Индија.

Кина го објави својот предлог за прекин на огнот во петокот, минатата недела, на првата годишнина од војната во Украина, но понудата не беше поддржана од сојузниците на Киев. (МИА)