недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марка објави, еве кои ќе бидат добитниците на ФИФА наградите

Марка објави, еве кои ќе бидат добитниците на ФИФА наградите

Шпанскиот весник „Марка“ излезе со информација за тоа како ќе бидат распределени наградите „The Best“ од ФИФА.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен и Аргентина, Лионел Меси ќе ја добие наградата за играч на годината за 2022 година, според Марка. Тој ги победи Карим Бензема (Реал Мадрид/Франција) и Килијан Мбапе (ПСЖ/Франција).

Наградата за најдобар голман на годината ќе ја добие Емилијано Мартинез (Астон Вила / Аргентина). Во гласањето тој беше пред Тибо Куртоа (Реал Мадрид/Белгија) и Јасин Буна (Севиља/Мароко).

Наградата за најдобар тренер на годината ќе ја добие Лионел Скалони, кој работи со репрезентацијата на Аргентина. За оваа награда претендираа и Карло Анчелоти (Реал Мадрид) и Пеп Гвардиола (Манчестер сити).

Церемонијата на ФИФА „The Best“ ќе се одржи вечер од 21 часот во Париз.