вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец од Битола, за издржување казна затвор

Приведен крадец од Битола, за издржување казна затвор

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул.„Караорман“ во Битола го лишиле од слобода Ѓ.М.(33) од Битола.

Тој се барал со наредба од Основен суд Битола за издржување на казна затвор од една година за извршени тешки кражби на подрачјето на Битола.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.