сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Пешевски: Апелирам да останеме сите заедно

Пешевски: Апелирам да останеме сите заедно

Македонскиот кружен напаѓач Жарко Пешевски по поразот и елиминацијата во Европската лига истакна дека тимот мора да остане заедно и побара голема поддршка за да се остварат останатите зацртани цели на клубот.

„Прво сакам да им честитам на ракометарите на Мотор. Ние не ја искористивме шансата пред домашната публика и направивме многу технички грешки. На вакви клучни натпревари не треба да ни се случува тоа.Бевме мотовирани, но прокоцкавме многу шанси. Едноставно мора да се разбудиме што побрзо. Треба да се освестиме и во следните предизвици да влеземе со мирни глави. Апелирам да останеме сите заедно, ќе ни треба голема поддршка за да ги оствариме целите“, рече искусниот кружен напаѓач.