среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хасани: Груби да поднесе оставка по собирот на „Огнената група“ во Чаир

Хасани: Груби да поднесе оставка по собирот на „Огнената група“ во Чаир

Заменик министерот за одбрана во заминување Башким Хасани, побара од вицепремиерот Артан Груби, веднаш да поднесе оставка од функцијата, по собирот на „Огнената група“ во Чаир.

Во емисијата „200“, Хасани кажа дека повеќе од 2000 граѓани, само од огранокот во Чаир, побарале Груби да си замине.

-Да бев како Артан, и да се одржи митинг во мојот огранок како оној во Чаир, немаше да чекам претседателот да ми каже да останам дома или да одам на работа, туку ќе се јавев кај претседателот и ќе му кажев, во твој интерес и во интерес на партијата останувам дома. Ако на огранокот на Чаир му треба помош или поддршка нека ми се јават, од денеска не сум прв вицепремиер. Ако над 2.000 граѓани од вашиот огранок се соберат и ти бараат оставка, треба да заминеш, рече Башким Хасани во Емисијата „200“ што се емитува вечерва во 22:10 часот, на Алсат.

Најнови вести