среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Сочувство до Грција од низа земји од Европа

Сочувство до Грција од низа земји од Европа

Пораки со сочувство до Грција за железничката несреќа кај Темпи, упатија министри за надворешни работи, претседатели и премиери на низа земји од Европа, претседателите на Европската Комисија и Европскиот Парламент, како и украинскиот претседател.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, телефонски разговарал со неговите колеги од Северна Македонија, Турција, Австрија, Португалија, Хрватска, како и со претседателот на Албанија, кои му изразиле сочувство.