среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Овозможиле употреба на дрога, кривична за две лица

Овозможиле употреба на дрога, кривична за две лица

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Т.(24) од Велес и В.М.(22) од с.Раштани, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а против Н.Т. и за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 09.07.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на Н.Т., при што биле затекнати В.М. и уште две лица на кои Н.Т. им овозможил да користат дрога.

При преглед на затекнатите лица била пронајдена и одземена марихуана.