На 02.03.2023, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Л.Б.(34) во Свети Николе.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.