Норвешкиот скијач Александер Омот-Килде стигна до малиот кристален глобус во спуст во Светскиот куп во алпско скијање откако вечерва славеше на трката во американскиот ски-центар Аспен.
Норвежанецот до победата стигна на убедлив начин со време од 1:31.60 што беше за 61 стоти дел од секундата подобро од второпласираниот Канаѓанец, Џејмс Крофорд. Подиумот го надополни водечкиот во генералниот пласман Марко Одермат со заостанување од 63 стотинки зад победникот.