понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Што да работам кога ќе пораснам: Професии кои носат најмногу пари во Македонија

Што да работам кога ќе пораснам: Професии кои носат најмногу пари во Македонија

Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности е сектор со просечна плата од 55.842 денaри, покажуваат податоци од Државниот завод за статистика, пишува порталот Скопјеинфо.

Во воздухопловен транспорт просекот е 52.076 денари, во секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови земаат просечна плата од 50.454 денари, во дејности за санација и останати услуги за управување со отпад платите се 44.712 денари. Вработените во секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати земаат во просек по 43.361 денари.

Просечна месечна нето-плата во мај изнесува 24.509 денари, објави Државниот завод за статистика. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај во споредба со претходната година изнесува 107,1, а се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (23,1 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (17,4 %) и информации и комуникации (15,3 %).

Најнови вести