петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цел свет зборува за неговата човечност: Тоа што овој полицаец му го направи на бездомникот е ситница, но и моќна порака (ВИДЕО)

Цел свет зборува за неговата човечност: Тоа што овој полицаец му го направи на бездомникот е ситница, но и моќна порака (ВИДЕО)

Великодушен полицаец му помогна на бездомник да се избричи за да може да добие работа во локалниот ресторан.

Полицаецот Тони Карлсон забележал човек на улица во близина на бензиската пумпа во Флорида како се справува со брич.

Фил, како што го нарекува полицаецот, го запрашал дали може да му помогне со бричот со кој треба да се избричи за да ја добие работата во локалниот ресторан за брза храна.

Карлсон успеа да го поправи жилетот, но бидејќи Фил немал огледало тешко му било да го направи тоа сам, па тоа го направил полицаецот за него. Тоа што не знаеле е дека во нивна близина се наоѓа и Грег Валенфелш кој ја снимил цела ситуација и ја сподели на социјалните мрежи.

-Помислив колку би било убаво овој несебичен чин да го споделам со светот, рекол Грег на CNN.

Забележувајќи ја снимката на социјалните мрежи, Грег Тиш, водителот на локалната радио станица тргнал во потрага по Фил.


-Господата во ресторанот ми ветија работа доколку се појавам во понеделник без брада. Стоев на улица и се обидував да се избричам, но немав огледало, па полицаецот Карлсон го направи тоа за мене, вели Фил.

И додека илјадници луѓе го фалат овој потег, полицаецот вели дека не направил ништо спектакуларно.

-Само си ја извршував работата и им помогнувам на другите. Ова не е ништо спектакуларно. Вакви работи се случуваат секој ден, единствена разлика е што овој пат беше снимено, вели скромниот полицаец.