недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

МАФИЈАШКА ПРЕСТРЕЛКА НА БЕНЗИНСКА ВО БЕЛГРАД Убиен „Ескобар“, член на Никшичкиот клан

МАФИЈАШКА ПРЕСТРЕЛКА НА БЕНЗИНСКА ВО БЕЛГРАД Убиен „Ескобар“, член на Никшичкиот клан

На бензинска пумпа во Белград убиен е Ранко Радошевиќ(54), викан „Ескобар“ кој се занимавал со шверц на кокаин и сканк, но и со продажба на блиндирани возила. Две маскирани лица влегле во кафулето на пумпата, а едното испукало неколку куршуми во правец на Ескобар кој починал на самото место.

Осомничените побегнале, а возилото го запалиле. Колата била пронадјена како гори од полицијата во местото Раковица, дознава српски Телеграф.

Ескобар бил во контакт со Вељко Беливук и Марко Милковиќ. Кај нив е пронајден блиндиран автомобил регистриран на негово име. Тој наводно бил член на бежанскиот клан на Горан Мијатовиќ. Мијатовиќ беше убиен во Белград.

Според Телеграф, Ескобар бил и водач на кланот Никшиќ и соработувал со познатиот Шкаљарски клан. Според српски Ало лидерот на Шкаљарците, Јовица Вукотиќ му бил брат-близнак.

Истрагата е во тек.

Никој од очевидците на бензинската пумпа не бил повреден, но биле предизвикани голема паника и стрес. На една девојка ѝ се слошило од настанот па ѝ дале столче да седне, друга жена плачела, а еден маж повратил.

Српската полицијата во моментот ги контролира сите излези од Белград во акција наречена „Виор“.