недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пријави во полициска станица пред фудбалски натпревар во Скопје

Пријави во полициска станица пред фудбалски натпревар во Скопје

На 08.03.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Ѓ.Ш.(30) од с.Иловица, струмичко, пријавил дека околу 12.10 часот пред соблекувална на фудбалскиот стадион во с.Сингелиќ, пред одигрување на натпревар од втората македонска фудбалска лига помеѓу екипите на ФК Локомотива од Скопје и ФК Беласица од Струмица, тој и неговиот колега од ФК Беласица, Б.Г(32) од Струмица, биле физички нападнати од едно лице, информира МВР.

Околу 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(49) од Скопје, член на домашниот клуб, пријавил дека околу 12.15 часот еден од гостинските играчи агресивно се однесувал кон него и го навредувал.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.