четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лапорта со порака до навивачите: Многумина ќе сносат последици, ќе мораат да се искупат за своите лаги!

Лапорта со порака до навивачите: Многумина ќе сносат последици, ќе мораат да се искупат за своите лаги!

Барселона се најде во центарот на скандал кој ги тресе Пиринеите, но и цела фудбалска Европа. Имено, поради незаконските работења на претходната управа, клубот сега е обвинет дека наводно му уплатувал големи суми на пари на фирмата во сопственост на Енрике Негреира, a за возврат тој ветувал дека ќе им делегира судии кои се поволни за нив.

Иако Негреира како почесен потпретседател со церемонијална улога, немал никакво влијание во носењето на овие одлуки, сепак обвиниетлството постапува по допрен глас, односно вербален деликт, што значи дека има изјава од сведок или сведоци.

Со оглед на тоа дека во претходниот период речиси цела поранешна управа и самиот Негреира беа на распит и под истрага за даночно затајување и фалсификувани материјали, не е исклучено оваа изјава да доаѓа од некој од нив.Од друга страна, Барселона и актуелната управа некако неоправдано се најдоа на удар поради постапките на претходното (веќе докажано криминално) раководство. Поради ова, се огласи и Жоан Лапорта, кој испрати порака до навивачите на Барселона.

„Кулеси, бидете мирни. Барса е невина, не направи ништо од ова што и е „закачено“, туку е жртва на општа кампања против нејзината чест, кампања во која сега сите решија да се приклучиме, што не не чуди. Не грижете се, ние ќе ја браниме честа и интересите на клубот и ќе ја докажеме нашата невиност. Многумина ќе ги сносат последиците за своите постапки и ќе мора да се искупат за своите лаги“, истакна Лапорта.